Лесно е да наведете што очекувате од вашата сродна душа, но да ги идентификувате тие квалитети кај вашиот партнер не е толку лесно.

Постои голема разлика во тоа кој е добар за сега и покрај кој сакате да се будите секое утро до крајот на животот.

Разгледајте ја листата која ви ја нудиме и ако имате човек со овие квалитети, не го пуштајте.

– Тој ги подржува вашите страсти и одлуки…треба да ви е најголема поддршка во животот  и да ве поттикнува кон нови успеси, или со други зборови да ви го даде потребниот ветер во грбот.

– Тој ви дава дополнителна вредност во животот…не мислиме на монетарна, туку да допринесува на квалитетите кои ве инспирираат да станете подобар човек.

– Тој ве обожава…дури и да сте дама на која не и е потребна постојана потврда на љубовта, тој треба постојано да ви покажува нежност и внимание.

– Да ве сака онаква каква што сте…со вашите доблести но и мани. Никој не е совршен па затоа не треба да се обиде да ве менува.

– Да ви овозможи да бидете своја…тешко е да бидете целосно среќна, ако во врската сте приморана да потиснете било кој дел од себе. Не треба да ве ограничува во ништо.

– Да ви биде човек од доверба…секогаш треба да можете да се потрпрете на него, од емоционална поддршка па се до секојдневните обврски.

Односот помеѓу партнерите не е лесен, секој има свои битки, но тоа не смее да се претвори во секојдневна војна, бидејќи е исцрпувачки.

Вашиот партнер треба да биде ваш колега, најдобар пријател и љубовник и доколку и двајцата малку се потрудите веруваме дека среќата сама ќе си дојде.