Фудбалерите на Лион се изрезилија во Купот на Франција, испаднаа од Бургоан Жалие, клуб кој се натпреварува во петтиот ранг на францускиот фудбал.

Во 1/16-финалето, Бургоан како домаќин по изведувањето на пенали го совлада Лион со вкупен резултат 6:4. Во регуларните 90 минути резултатот беше 2:2.

Во 20. минута Лион го доби првиот удар, стрелец за домашните беше Мујецки. Лион успеа да направи пресврт. Во самиот финиш на првиот дел, во 45. минута израмни Матиќ, додека Лион поведе во 64. минута, кога Грузиецот Микаутадзе го постигна вториот гол.

Мујецки уште еднаш беше кобен за Лион во 69. минута кога израмни на 2:2 и на тој начин му обезбеди на својот тим изведување пенали.

Во пенал рулетот Лион, најдобрите играчи на клубот Лаказет и Толисо не успеаја да постигнат гол, додека кај домаќините четворица беа прецизни, единстврно промаши стрекецт на двата гола Мијецки.

Текстот Клуб од петтата француска лига го елиминира Лион од Купот е превземен од МАКФАКС.