Владимир Кличко (48) е еден од најдобрите боксери во историјата. Украинецот беше неприкосновен светски шампион од 2008 до 2015 година, а титулите ги бранеше 25 пати. Кариерата ја заврши во 2017 година, по поразот од Ентони Џошуа и рекорд од 64 победи и пет порази.
Откако се повлече од спортот, се занимава со политка. Неговиот брат Виталиј е градоначалник на Киев. Сепак, според последните информации на американските медиуми, славниот Украинец би можел да се врати во рингот на 49-годишна возраст.
Имено, неговиот долгогодишен менаџер и промотор Том Лофлер во интервју за „The Ring“ изјави: „Владимир е историска личност. Не сакам да шпекулирам во негово име, но од она што го разбрав, тој сака да се врати во борба за титулата“.
“Ако некој може да се врати на оваа возраст, тоа е тој. Тој е во врвна форма и секогаш кога ќе го видам, тој е ист како кога имаше серија од 25 одбрани титулата. Има многу навистина добри борби за него. Реваншите со Џошуа и Фјури. Борбата за титулата со Дубоа би била одлична борба”, додаде Лефлер.
Доколку се врати и го нападне појасот, ќе има шанса да стане најстариот шампион во тешка категорија во историјата. Тој рекорд сега го држи Џорџ Форман, кој беше шампион на 45-годишна возраст.
Веќе се појавија гласини дека Кличко би можел да се врати во рингот, во борба за појасот на ИБФ што го држи Дубоа, во спротивно ќе мора да се бори со својот сонародник Усик, што не го сака.
Текстот Кличко (48) се враќа од пензија? е превземен од МАКФАКС.