Австралискиот тенисер Ник Кирјос го откажа учеството на Ролан Гарос поради повреда на стапалото, со која се здобил при кражба во неговата куќа во Канбера, открија медиумите од оваа земја. Провалникот и се заканил на мајката на тенисерот и го украл автомобилот на Кирјос. При тепачката со напаѓачот, 28-годишниот тенисер го повредил стапалото и се здобил со поголема расеченица.
Еден човек беше уапсен во Канбера набргу по грабежот на почетокот на овој месец, а Кирјос и помогнал на полицијата користејќи апликација за следење на автомобилот. Менаџерот на австралискиот тенисер Даниел Хорсфал изјави дека раната сѐ уште не е зарасната. Тоа го принуди Кирјос да се повлече од егзибицискиот меч против Холгер Руне во Данска и од Отвореното Првенство на Франција, на кое последен пат настапи во 2017 година.
Кирјос не играл на турнири од октомври минатата година, откако снимките покажаа дека има и циста на менискусот./Makfax/