Познат е како „вечен контраш“, но овој пат ја изненади јавност со својот став. Еден од најконтроверзните тенисери Ник Кирјиос ја користи секоја прилика да ја критикува својата влада и застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ.
Австралискиот ас истакна дека го нервираат изјавите на Надал и Циципас и најави дека ќе облече маица со слоганот „Идемо“ и ќе шета во Мелбурн парк.
„Ме нервираат луѓето како Циципас и Надал. Очигледно сега секој има свое мислење. И тоа е во ред. Замислете само како се чувствува Новак Ѓоковиќ. И тој е човек. Сите го третираме како Новак Ѓоковиќ, а не како човек. Замислете како се чувствува сега. Веројатно сега сака малку повеќе поддршка од нас другите играчи. И тој ја доби од мене!? По ѓаволите… Сигурен сум дека Надал, доколку се најде во слична ситуација, би побарал од своите колеги спортисти да го поддржат. Ќе викаше: „Помогнете ми“.
Ова што се случува со Ѓоковиќ е лудило. Ќе облечам маица со слоганот „Идемо“ и со неа ќе прошетам во Мелбурн парк“, рече Кирјиос за време на подкастот во кој централна тема беше случајот со првиот рекет на планетата.
Ник Кирјиос во првото коло на Австралијан Опен важи за голем фаворит и се соочува со Лиам Броуди од Велика Британија.