Кинеското Министерство за надворешни работи денеска повика на што е можно побрзо изнаоѓање политичко решение за Сирија со цел да се врати стабилноста и редот, откако бунтовниците ја презедоа контролата врз сириската престолнина и претседателот Башар ал Асад побегна во Русија.
„Кина внимателно го следи развојот на настаните во Сирија и се надева дека сите релевантни страни ќе дејствуваат во фундаменталниот интерес на сирискиот народ. Иднината и судбината на Сирија треба да ги реши сирискиот народ и се надеваме дека за сите релевантни страни ќе се најде политичко решение со цел да се врати стабилноста и редот“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовната прес-конференција, пренесува Ројтерс.
Во неделата, сириските бунтовници објавија на државната телевизија дека го симнале од власт претседателот Башар ал Асад, ставајќи крај на 50-годишното владеење на неговото семејство.
Текстот Кина повика на брзо изнаоѓање политичко решение за Сирија е превземен од МАКФАКС.