Кина овој месец ќе одржи заеднички воени вежби со Русија, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека поморските и воздушните сили ќе учествуваат во вежбите „Север-заеднички 2024“ во регионот на Јапонското Море и Охотското Море, во близина на брегот на Русија
Кина и Русија ќе испратат поморски флоти во заеднички поморски патроли, а Кина ќе учествува и во руската стратешка вежба „Океан-2024“, се додава во соопштението.
Министерството не го прецизира датумот кога ќе бидат одржани вежбите, пренесе МИА.