Училиште во Пекинг е привремено затворено поради еден потврден случај на Ковид 19. Како што пренесува Би-Би-Си, училишната управа спровела тестирање откако било откриено дека еден вработен е позитивен на ковид и во зградата затворила десетици тестирани ученици додека да се објават резултатите од нивните тестови.
Голем број родители набрзо се собрале пред зградата, кои со нетрпение очекувале каква било информација речиси до полноќ.
Децата на возраст од седум до 12 години биле тестирани и наводно им било кажано дека ќе ја поминат ноќта на училиште додека ги чекаат резултатите од тестот.