Хари Кејн и Хеунг-мин Сон е најпродуктивното дуо во историјата на Премиер Лигата, надминувајќи го добро познатото дуо Лампард – Дрогба. Тотенхем победи со 4-0 против Лидс Јунајтед во натпреварот кој важи за 27. коло во Англија.

Головите во победата на Спарс ги постигнаа Доерт (10), Кулушевски (15′), Кејн (27′) и Сон (85′). На асистенција на Кејн, кореецот Сон го постигна 37-от гол во историјата на Премиер лигата, комбинирајќи со Кејн, притоа поставувајќи нов рекорд и надминувајќи го стариот за еден гол.

Кејн и Сон го надминаа дуото Френк Лампард и Дидие Дрогба, која ка двоец на Челзи постигна 36 гола во Премиер лига. Зад нив на оваа листа е двоецот Тиери Анри-Роберт Пирес, и Давид Силва-Серхио Агуеро со по 29 гола, заедно.

Прикажи повеќе