Франк Кеси одлучил дека најдобро за неговата карера е да ја прифати понудата од Барселона откако доби опција за преселба и во Тотенхем, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал.
Според „Радио Каталуња“, агентот на Кеси ги договорил условите со Барселона, според кои играчот на Милан ќе заработува по 8 милиони евра годишно а ќе потпише до јуни 2027 година.
Милан не успеа да се договори со Кеси за продолжување на соработката па тој на крајот од оваа сезона ќе го напушти клубот како слободен играч.