Кевин Дурент оди на принудна пауза поради повреда.Првата ѕвезда на Бруклин заработи повреда на коленото на дуелот со Орландо, откако соиграчот Брус Браун случајно падна врз неговата нога, а Нетс најавија рехабилитација долга меѓу 4 и 6 недели.
Тоа значи дека Дурент би можел да се врати на терените по Ол-стар викендот.Бруклин во моментов е меѓу најдобрите на Истокот, а Дурент има одличен просек од 29,3 поени, 7,4 скокови и 5,8 асистенции.