„Кајмак“ е најновиот филм на Милчо Маначевски кој ќе се снима од почетокот на јули. Филмот е безмислосна критика на лицемерието и малограѓанштината. Црна комедија за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Дел од актерската екипа се Сара Климоска, Ана Стојановска, Александар Микиќ, Дејан Лилиќ, Сашка Димитировска и др.
„Не знам сам се наметна насловот. Во една рака е буквален, зошто често во филмот гледаме кајмак, зошто Виолетка продава кајмак на пазар, а Карамба секојден го купува од неа и затоа жена муи го кара. И се разбира сите симболики кои призлегуваат од кајмак како кремот како најубавото и како прашање што е уствари најубаво“, истакна Милчо Манчевски.
„Кајмак’ е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија како и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија. Македонија учесвува со 48 % од финансиските средства, а 52 доаѓаат од странство. НЛБ банка е еден од македонските финансиски поддржувачи.
„Снимаме на повеќе локации во Скопје и имаме две села во околината. Но, главен херој освен овие шест луѓе коишто се тука е и градот“, посочи Јане Ќортошев.
Последниот филм на Манчевски „Врба“ ја доживеа премиерата на Римскиот филмски фестивал, а потоа беше прикажан на уште 30 меѓународни фестивали и освои 5 награди. Европската филмска академија го вбори во потесниот избор на филмови за нагарадата во 2020, а беше и кандидат за Оскар.