Норвешкиот тенисер Каспер Руд ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид.

Во финалето во Мадрид, тој го победи британски тенисер Џек Дрејпер со 2-1 во сетови, резултатот беше 7:5, 3:6, 6:4 за два часа и 29 минути игра.

Тој му го одзеде сервисот на Дрејпер во третиот гем од првиот сет, ја зачува предноста до крајот и поведе во мечот.

Дрејпер играше подобро во вториот сет, направи два брејка во седмиот и деветтиот гем и се избори за решаачки сет.

Во решавачкиот сет, Руд направи брејк во петтиот гем, го задржа водството до крајот и стана првиот Норвежанец кој освоил титула на турнирите од Мастерс серијата.

Тој моментално има 13 АТП титули.

Од понеделник, Руд ќе се искачи на седмото место на АТП листата, а Дрејпер ќе го преземе петтото место од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Текстот Каспер Руд конечно освои голема титула, победи на Мастерсот во Мадрид е превземен од МАКФАКС.