Канадските пратеници ќе мора да се вакцинираат против коронавирус за да работат во Долниот дом од крајот на ноември, изјави спикерот Ентони Рота.
Задолжителната вакцинација ќе стапи на сила на 22 ноември кога пратениците треба да се состанат за првпат по изборите одржани пред еден месец, на кои победи актуелниот премиер Џастин Трудо.
Доказ дека се целосно вакцинирани нема да им биде потребен само на членовите на Долниот дом туку и на нивниот персонал, администрацијата, новинарите и консултантите.
Оние кои не може да се вакцинираат од медицински причини ќе може да направат брз тест за ковид-19.