Дела од Алексеј Шор, Бете Илин, Силвиан Гино и Аник Озиер Лафонтен премиерно ќе бидат изведени од камерното трио „Анимато“, на 14 октомври 2024 година, со почеток во 19 часот во Даутпашиниот амам. На програмата на концертот се и дела од Астор Пјацола, Едвард Елгар и Габриел Форе.

Дел од „Анимато“ се Светлана Димитриевска (пијано), Даниела Неделковска (флејта) и Симона Марочковска Манојловска (флејта), професорки во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје.

Ова трио со уникатен состав, пијано и две флејти, веќе четири години ја збогатува македонската камерна музичка сцена.
Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Текстот Камерното трио „Анимато“ со богата програма повторно пред публиката, во Даутпашиниот амам е превземен од МАКФАКС.