Реал, во предградието на мадрид, со тешка мака го победи Хетафе со 1:0 во 33.коло. Реал остана четири чекори зад Барселона во пресрет на меѓусебниот дуел, најпрвин в Купот, а потоа и во првенството.

Единствениот гол на натпреварот на „Колосеум Алфонсо Перез“, го постигна турскиот репрезентативец Арда Гулер. Покрај Гулер херој на Реал е Тибо Куртоа кој имаше вкупно шест одбрани, од кои две во самиот финиш.

Реал натпреварот го заврши со играч помалку на теренот. Во финишот поради повреда мораше да излезе Едуардо Камавинга, во ситуација кога Карло Анчелоти ги изврши сите измени.

По победата Анчелоти потврди дека Камавинга нема да конкурира за место во тимот за натпреварот против Барселона, во финалето на Купот, в сабота од 22 часот во Севилја.

Текстот Камавинга се повреди против Хетафе, ќе го пропушти финалето против Барселона е превземен од МАКФАКС.