При патување во Италија, се подразбира дека треба да се проба пица или некои од другите тестенини својствени за италијанската кујна. Меѓу најпознатите во Италија се „Неаполската“ и „Римската пица“.
Имено, токму во Неапол во 17. и 18. век била направена првата пица, првично како храна за сиромашните семејства. Во своите почетоци, пицата се состоела од тесто, зачини, маслиново масло и домати, а подоцна почнале да се додава и Моцарела-сирење, направено од биволско млеко.
А пак, еден од најпрепорачаните ресторани во Рим е пицеријата „Ди Матео“ – основана од едно наполитанско семејство далечната 1936 година. Тука, на менито може да се најдат десетици видови пици, а по специјалитетот „Калцоне“ местото е можеби и најпрепознатливо.
Пицата е со феферони, мортадела, ф’стаци, моцарела од биволско млеко и вкусна рикота. Цената се движи меѓу 10 и 13 евра.