Украинската група „Калуш оркестар“ што победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија го продаде освоениот трофеј за 900 илјади долари, а средствата ги намени за одбрана на Украина.
Кристалниот микрофон освоен во Торино е продаден на аукција преку Фејсбук, со цел да се купат дронови за украинската армија, јави „Би-Би-Си“.
Продажбата се совпадна со настапот на групата на хуманитарен концерт пред Бранденбуршката порта во Берлин, наменет за собирање пари за медицинска нега и опрема.
Во своето обраќање пред присутните на концертот Олег Псијук од „Калуш оркестар“ ги повика луѓето да не се навикнуваат на војната во која, според податоците на ОН, загинаа најмалку 4.031 цивили, а 4.735 се ранети, додека бројот загинат војници не е познат.
Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари досега земјата ја наупуштија повеќе од 14 милиони луѓе.