Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во текот на својот живот беше и комичар и актер, откако започна руската инвазија на неговата татковина важи за херој.

Advertisements

Тој најпрво ја импресионираше украинската јавност откако одби да го напушти Киев по руската инвазија, а денеска е 65-тиот ден од почетокот на отпорот против барањата на неговиот руски колега Владимир Путин. Откако започна рускиот напад, популарноста на Зеленски порасна, особено поради неговите секојдневни видео објави и може да се каже дека тој се држи добро во тешките воени околности.

Тој е во Киев, во област полна со војници. Борбените позиции се заштитени со вреќи со песок, а неговиот портпарол изјави дека тие се подготвени да водат битки и во самата зграда каде што е претседателот.

Како му започнува денот на Володимир Зеленски? Според „Њујорк тајмс“, денот на Зеленски започнува со телефонски брифиг што го добива од генералот Валериј Залужни, командант на вооружените сили, а со него се слушаат неколку пати и подоцна во текот на денот.

Потоа следи утринска видео-конференција со премиерот, понекогаш и други членови на кабинетот и воени и разузнавачки службеници. Неговиот портпарол Серхиј Никифоров објасни дека вака Зеленски ги комбинира цивилното и военото извршно одлучување.

Дмитро Литвин, поранешен новинар и политички аналитичар, наводно е одговорен за неговите говори.

Во првите денови од војната, Зеленски постави три приоритети за министерствата на неговата влада, и тоа набавка на оружје, набавка на храна и други стоки и одржување на резервите на бензин и дизел. На министерствата им беше кажано да ги ревидираат протоколите за да обезбедат брза испорака на сите три колосеци.

Бидејќи синџирот на снабдување беше прекинат, претседателската канцеларија посредуваше во договор меѓу трговските синџири, компаниите за камиони и возачите волонтери за воспоставување единствена транспортна услуга која ќе ги снабдува сите продавници за храна.

Можеби најконтроверзниот потег на Зеленски беше спојувањето на шест телевизиски редакции во еден канал со едно централно известување, што тој го опиша како неопходно.

Војната ги наруши работата и транспарентноста на Парламентот, кој сега заседава во ненајавени седници, пишува „Њујорк тајмс“