реклама

Жешкото време и натаму трае, па се уште го вклучуваме клима уредот во нашиот автомобил. Многу често се прават грешки кои доведуваат до намалување на неговата ефикасност.

Многу системи трпат поради неквалитетно и нередовно одржување, па ттака кај некои типови на автомобили треба да се замени филтерот за климата веќе на 15.000 километри. Така климата ќе работи поефикасно, а ќе се спречат и ширење на бактерии.

реклама

Подобро е при влегувањето во возилото најпрво да отворите врата и да почекате, околку веднаш да го вклучите клима-уредот. Отворите за ладење треба да бидат насочени кон горе, а не кон лицата на патниците. Уште подобро е да ги вклучите кон ветробранското стакло, но притоа да внимавате тоа да не е премногу загреано од сонцето затоа што може да дојде до оштетување.

При влегувањето во автомобилот, отворете ги сите прозорци со цел да проструи свеж воздух, а потоа вклучете ја климата. Така ќе добиете рамномерен проток на воздух во автомобилот.

реклама