Легендата за трагичната смрт на кнезот Владимир и принцезата Косара, ќерка на македонскиот цар Самоил се смета за една од најубавите европски легенди.

Се случила во 11 век и се темели на вистински и митски настани.

Во војната со македонскиот цар кнезот Владимир бил заробен и однесен во Преспа во затвор.

Таму го видела самоиловата ќерка Косара која се заљубила во него и побарала од татка си да се омажи за него, а во спротивно ќе скокне во езеро.

Набрзо следела венчавка, а двајцата живееле во близина на манастирот Пречиста Краинска на Скадарското Езеро. Подоцна по смртта на Самоил, Владимир бил убиен со измама од неговиот наследник Владислав, а Косара по неговата смрт се повлекла во манастир и се замонашила.

После нејзината смрт по нејзина желба била закопана крај нејзиниот сопруг кнез Владимир.

Кнезот Владимир поради неговата богоугодност и христијански живот е прогласен за светец.

Според православниот календар свети Јован Владимир се одбележува секоја година на 22 мај, а неговиот култ е цврсто втемелен во Бар, каде се смета за заштитник на градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: