ИФФК „Браќа Манаки“ како дел од проектот „Кадар-на“ (анг. HER FRAME, во буквален превод „Нејзин кадар“) ја поддржува иницијативата за надминување на родовата нерамноправност во филмскиот сектор.

Проектот „Кадар-на“ е поддржан од Британскиот совет како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (анг. Culture and Creativity for the Western Balkans – CC4WBs), кој е финансиран од Европската унија и има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за да се оствари поголемо социо-економско влијание. Проектот „КАДАР-НА“ е во заедничка реализација на Филмскиот фестивал во Нови Сад и Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.

Постоењето на родовата нерамноправност е утврдено на сите нивоа во аудиовизуелната индустрија, а оваа програма е наменета за нови и млади уметници, филмски работнички кои сакаат да ги усовршат своите знаења и вештини со поддршка од истакнати експерти од филмскиот свет, преку онлајн работилници и интензивна менторска програма.

Повикот е отворен до 09, а резултатите ќе бидат објавени на 16-ти јуни.

Учесничките ќе имаат можност да следат пет онлајн работилници со експертки од филмскиот свет, конференции во Нови Сад и во Битола, три мастер-класови, менторска програма и претставување.

За било какви дополнителни информации и/или појаснувања на [email protected].

Текстот ИФФК „Браќа Манаки“ со повик за учество во проектот „Кадар-на“ (Her frame) е превземен од МАКФАКС.