Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш упати апел до рускиот претседател Владимир Путин да не издава наредба до војниците да ја нападнат Украина во контекст на извештаите за неизбежен напад.
„Денот беше полн со гласини и индикации дека е неизбежна офанзива против Украина. Значи, ако навистина се подготвува операција, имам само едно да кажам од се срце. Претседателе Путин, запрете ги вашите војници да ја напаѓаат Украина, дајте му шанса на мирот. Премногу луѓе веќе умреа“, рече Гутереш на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.
Амбасадорот на Украина во ОН Сергиј Кислица изјави дека рускиот претставник во ОН потврдил дека неговиот претседател Путин и објавил „војна на мојата земја“, пренесува Би-би-си.
„Доцна е, драги колеги, да се зборува за деескалација. Рускиот претседател објави војна“, рече тој.