Советот за Безбедност на ОН за денеска свика итно вонредно заседание на Генералното Собрание на ОН, на кое сите земји-членки на Светската организација можат да се изјаснат за руската инвазија врз Украина.
Резолуцијата, која беше предложена од САД и Албанија, синоќа е усвоена од 11 земји. Русија гласала против, а Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати биле воздржани. Вето не било можно според важечките прописи на ОН, кога станува збор за таков вид резолуција.
Врз основа на процедурата востановена во 1950 година, наречена „Обединување за одржување на мирот“, усвоената резолуција не може да биде предмет на вето од постојаните членки на Советот за Безбедност.
Се очекува вонредната седница да трае најмалку еден ден.