Италијанската актерка Софија Лорен, филмска икона крунисана со два Оскара, во петок навечер во Рим ќе го прослави својот деведесетти роденден, пишуваат италијанските медиуми.
Родена во „Вечниот град“ на 20 септември 1934 година, меѓународната филмска дива ќе дува 90 свеќи на приватна забава организирана во луксузен хотел во историскиот центар на Рим.
Откако во римското кино во студиото „Cinecittà“ ќе биде почестена од бројни гости, меѓу кои и италијанскиот министер за култура Алесандрио Џули, актерката ќе вечера со околу 150 пријатели, колеги и членови на семејството на луксузната тераса на хотелот каде свечено ќе отвори апартманот што го носи нејзиното име, пишува Corriere della Sera.
За таа прилика Лорен ќе ја облече нејзиниот голем пријател Џорџо Армани.