Познато е дека јаболковиот оцет има способност да ни помогне да ослабеме и да изгубиме килограми, па оние кои имаат проблеми со тоа го консумираат. Иако навистина не е важно кога ќе го пиете, бидејќи неговите придобивки се огромни, ова е предлог зошто треба да го пиете навечер.

Јаболковиот оцет го намалува складирањето на маснотии
Диететичарот Шерон Катзман вели дека јаболковиот оцет може да го намали складирањето на маснотии и да помогне во намалувањето на висцералните маснотии, „тврдата“ маснотија што се акумулира длабоко во стомакот.

Клиничкото испитување од април 2018 година покажа дека комбинацијата на јаболков оцет и диета со ограничена калории во период од 12 недели е ефикасна во значително намалување на телесната тежина, БМИ, обемот на колковите и висцералните масти.

Студијата исто така покажа дека комбинацијата има некои дополнителни здравствени придобивки, како што се намалување на апетитот и намалување на нивото на триглицеридите и вкупниот холестерол. А, како бонус, нивото на холестерол на липопротеини со висока густина – инаку познат како „добар“ холестерол – значително се зголемило кај оние кои вклучиле јаболков оцет во споредба со оние кои не вклучиле, пишува „Live strong“.

Како да пиете јаболков оцет пред спиење?
Експертите советуваат да се испие половина до полна лажица јаболков оцет разреден во 120 милилитри вода. Сепак, бидете внимателни и знајте дека јаболковиот оцет може да ја оштети забната глеѓ и да предизвика рефлукс на киселина.

Ако сте некој кој вообичаено не консумира јаболков оцет, можеби е добра идеја да започнете со мала доза за да видите колку добро вашиот стомак го толерира тоа, а потоа да продолжите до полна лажица.

Запомнете дека со оглед на тоа што главната компонента на оцетот е неговата киселина, јаболковиот оцет ќе има горчлив вкус, па може да биде потребно извесно време за да се навикнете на него. Ако ви пречи горчината, можете да пробате со нискокалоричен засладувач или можете да додадете малку цимет, мед или ѓумбир.

Текстот Испијте го овој напиток навечер и слабејте додека спиете: ќе ви треба малку време да се навикнете на вкусот е превземен од МАКФАКС.