Мисијата на Иран во Обединетите нации предупреди дека доколку Израел започне „целосна воена агресија“ во Либан, „ќе следи разорна војна“. Иранската мисија, исто така, се закани дека во тој случај „сите опции, вклучително и тотална војна, ќе бидат на маса“, пренесува Тајмс од Израел.
Albeit Iran deems as psychological warfare the Zionist regime’s propaganda about intending to attack Lebanon, should it embark on full-scale military aggression, an obliterating war will ensue. All options, incl. the full involvement of all Resistance Fronts, are on the table.
— I.R.IRAN Mission to UN, NY (@Iran_UN) June 28, 2024
Напаѓачкиот брод USS Wasp оваа недела влезе во источниот дел на Средоземно Море. САД распоредуваат воени бродови за да спречат борбите меѓу Израел и либанското шиитско движење Хезболах да прераснат во поширока војна на Блискиот Исток.
Израел со недели му се заканува на Хезболах со војна.
„Можеме да го фрлиме Либан во целосна темнина и да го разбиеме Хезболах за неколку дена“, изјави поранешниот член на израелскиот воен кабинет Бени Ганц во вторникот на конференцијата на Универзитетот Рајхман во израелскиот град Херзлиј.
Г. Т.