Поразот во едно од најважните „вечни дербија“ во историјата тешко им падна на најжестоките навивачи на Хајдук.
„Торцида“ се судри со полицијата веднаш по завршувањето на натпреварот на трибините на „Пољуд“, каде што заштитна мрежа помеѓу северната и источната трибина на стадионот спречи посериозни инциденти.
Сепак, кога хулиганите ги напуштија трибините и излегоа на улиците на Сплит, ситуацијата ескалираше.
„Далматински Портал“ пишува дека на улиците околу „Пољуд“ во тек се масовни тепачки меѓу навивачите и полицајците.
Полицијата со кратко соопштение објави дека „по завршувањето на фудбалскиот натпревар, за време на полициските акции надвор од стадионот, поголема група луѓе ги нападнала полицајците“, беше наведено и додадено:
„Јавниот ред и мир се воспоставени. Полициската акција на терен и апсењето на лицата се во тек“.
Хајдук претрпе тежок пораз пред 32.111 навивачи против најголемиот ривал Динамо (1:3), кој по седум месеци повторно е лидер во хрватскиот шампионат.
Текстот Инциденти на „Пољуд“ и низ улиците во Сплит е превземен од МАКФАКС.