
Најмалку две лица се убиени во смртоносна престрелка во Окленд, Нов Зеланд, само неколку часа пред почетокот на Светското првенство за жени во Австралија и Нов Зеланд од 20 јули до 20 август.
Пукањето се случило во близина на хотелот во кој е сместена норвешката репрезентација. Полицијата соопшти дека има и најмалку шест повредени со различен степен на повреди. Потврдено е дека напаѓачот бил ликвидиран од властите.
„Известени сме дека ова е изолиран инцидент и не е поврзан со фудбалските настани во градот и со отворањето на Светското првенство, што ќе се одржи денеска според предвидената програма“, соопшти ФИФА.