Шведската државна телевизија СВТ сними интервју со еден од водачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, Салих Муслим. Интервјуто е снимено во американската воена база каде тој се крие на северот на Сирија.
Во вестите на шведската државна телевизија Муслим изјави и дека таа северноевропска земја никогаш нема да ја прифати ЈПГ како терористичка организација и дека нема позитивно да одговори на барањата за членство во НАТО. Од емитуваното интервју се гледа дека Салих Муслим не сакал да одговори на новинарско прашање дали ЈПГ е поврзана со ПКК.
Фотографиите и плакатите на Абдула Оџалан, водачот на терористичката организација ПКК, која виси на многу места, го привлекоа вниманието и на снимките направени од шведската државна телевизија во северниот сириски регион./Макфакс/