Интер ja продолжи серијата добри резултати во италијанскиот шампионат, но скапо ја плати синоќеѓната победа над Рома во Рим.

Актуелните шампиони во дербито на коло славеа со 1:0, со голот на Лаутаро Мартинез во 60.минута.

Натпреварот во Рим во првото полувреме го завршија поради повреди Хакан Чалханоглу и Франческо Ачерби.

Турскиот репрезентативец играше само 12 минути, а искусниот дефанзивец 27 минути.

Јасно е дека и двајцата ќе го пропуштат натпреварот од Лигата на шампионите против Јанг Бојс. Но, она што повеќе ги загрижува навивачите на Интер е дали ќе бидат подготвени за натпреварот против Јувентус викендов.

„Скај Спорт Италија“, тврди дека 90% овие двајца нема да можат да му помогнат на Интер во „Дербито на Италија“.

Моментално Интер и Јувентус се на второто и третото место на табелата.

Текстот Интер скапо ја плати победата над Рома е превземен од МАКФАКС.