Фудбалерот на Интер Алексис Санчез би можел да се врати во Англија, каде што играше за Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Евертон во моментот  е заинтересиран за 33-годишниот чилеански репрезентативец.

Според англиските медиуми, Интер им понудил на „Карамелите“ да го земат Алексис без да платат обештетување  со цел да се ослободи од високата плата на напаѓачот.

Санчез е во Интер од 2020 година и има договор до 2023 година, но клубот сака да се раздели со него сега.