Корисниците на Инстаграм повеќе нема да се збунуваат кога ќе ги прегледуваат објавите на оваа социјална мрежа.

Директорот на Инстаграм дивизијата Адам Мозери истакна дека компанијата работи на верзија “feed” која на корисниците ќе им прикажува објави хронолошки.

Во моментов, алгоритамот на Инстаграм објавите ги рангира според приоритети на корисникот.

Интересно е што уште во 2016 година Инстаграм ја имаше функцијата на алгоритамско сортирање на објавите, за потоа следната година да имплементира препорачани објави.

Оваа промена во голема мерка беше негативно прифатена од страна на корисниците.

Се вели дека новата функција ќе биде опциона за корисниците да имаат повеќе избор.