Ако сакате барем на кратко да го стопирате стареењето и да спречите настанување на предвремени брчки, зајакнете ја исхраната со овие намирници.

Печурки

Состојката која ја содржат печурките – ерготионеин – спаѓа во категоријата антиоксиданти. Ефикасно ги елиминира токсините од телото, па затоа консумирањето печурки во големи количини ќе го одложи појавувањето на брчките за неколку години.

Соја

За време на триесеттите години од животот кожата почнува да ја губи еластичноста и волуменот, поради падот на нивото на естроген. Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на производи од соја кои содржат природен естроген спречуваат опуштање на кожата и настанување на брчки.

Пробиотици

Земајте ги во форма на диетски додатоци или преку храна во која се наоѓаат како додаток, како што е јогурт, сирење и некои пијалоци. Пробиотиците се особено важни за жените по породувањето.