Илон Маск се здоби со 9,2% од акциите на Твитер, јавува Би-Би-Си.
Веста предизвика остар скок на акциите на компанијата за 25 отсто. Основачот на Tesla купи 73.486.938 акции на социјалната мрежа на 14 март.
Тие вредат вкупно 2,89 милијарди долари.
Милијардерот е редовен корисник на социјалната мрежа и има над 80 милиони следбеници. Купувањето на акции во компанијата доаѓа во време на неодамнешните изјави на Маск дека „сериозно размислува“ да постави своја платформа за социјална комуникација.