Вербалната пресметка меѓу Мауро Икарди и Жозе Мурињо ги забавува корисниците на социјалните мрежи.

Се започна пред десет дена, кога Мурињо објави на социјалните мрежи: „На Светското првенство во ракомет, кое штотуку заврши, мојата Португалија брилијантно стигна до полуфиналето. Затоа сакам да им честитам за ова достигнување и за влијанието што ќе го има врз младите во нашата земја“.

Но, како што често се случува со Мурињо, тука има финта. Тренерот на Фенербахче го илустрираше овој статус со фотографија од јасно играње со рака Давинсон Санчез, играч на Галатасарај, кое не е казнето со пенал.

На Мурињо му одговори Мауро Икарди. Напаѓачот на Галатасарај објави корици од книга на социјалните мрежи, со илустрација на расплаканиот Мурињо и натпис „The Crying One“, алузија на „A Special One“, прекарот на славниот тренер.

Не требаше долго да се чека одговорот на Мурињо. Пред денешниот натпревар меѓу Фенербахче и Андерлехт во Лига Европа, тој ја коментираше реакцијата на Икарди на новинарско прашање: Јас сум „A Special One“, а не „Special One“. И оној со кариера која трае 25 години и во која освоив 26 титули. Што се однесува до статусот на Икарди… Тој е „G.O.A.T“ и нема да ги коментирам неговите зборови“.

Ова предизвика големи контроверзии на социјалните мрежи. Јасно е, имено, дека Мурињо иако кажа дека Икарди е „goat“ во смисла дека е кратенка од G.O.A.T или „најголем на сите времиња“, тоа го направи саркастично. И тоа е едно од толкувањата.

Деновиве е актуелната приказна, има и докази дека поранешната сопругата на Икарди, Ванда Нара, го изневерувала, со соиграч, изјавата на Мурињо може да значи и нешто друго, односно дека додека бил во брак сопругата му ставила рогови.

„Goat“, како именка (а не кратенка) значи коза (јарец) . А тоа животно има рогови, како што пишуваат многу фудбалски фанови вклучени во дебатата.

Текстот Икарди го нарече Мурињо „плачко“, славниот тренер брутално му одговори е превземен од МАКФАКС.