Израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Дени Данон, изјави дека израелските амбасади низ целиот свет се ставени во состојба на зголемена готовност откако двајца вработени во амбасада беа убиени во Вашингтон.
„Ова е многу тешка ноќ за сите нас овде во Соединетите Држави“, изјави Данон за Си-ен-ен.
„Тоа беше напад врз Израел, напад врз еврејската заедница, но и напад врз самите Соединетите Американски Држави“, рече тој.
Данон потврди дека убиените вработени биле млад пар кој планирал да се сврши следната недела во Ерусалим. „За жал, тоа нема да се случи“, рече тој.
Тој ги повика светските лидери да преземат поконкретни мерки против антисемитските злосторства од омраза.
„Многу светски лидери го осудуваат антисемитизмот и злосторствата од омраза, но не прават доволно за да ги спроведат. Очекуваме акции, а не само изјави“, рече Данон.
Двајца вработени во израелската амбасада беа убиени во пукање за време на настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон во средата.
Текстот Израелскиот амбасадор во ОН: Ова не беше напад само врз Израел, туку и врз САД е превземен од МАКФАКС.