Израелското Министерство за здравство синоќа соопшти дека се пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против ковид-19 за лицата над 60 години.
Генералниот директор на Министерството за здравство Нехман Аш треба да ја одобри кампањата за вакцинација со четврта доза, а сега се проучуваат податоците од Велика Британија, кои навестуваат дека сојот омикрон предизвикува помалку сериозна болест за разлика од делта, пренесува МИА.
Израелската телевизија Канал 13 објави дека ако има повеќе такви информации, Аш можеби нема да ја поддржи препораката лицата постари од 60 години, здравствените работници и ризичните групи граѓани да примат четврта доза вакцина против ковид-19 од 28 декември.
Израел е на пат да стане прва земја во светот каде што поединечни групи граѓани ќе бидат имунизирани со четврта доза.