На седми мај, среда, со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата од 26-тиот Меѓународен фестивал на афоризмот и карикатурата „Струмица 2025“.

Изложбата се реализира во соработка со НУ „Антон Панов“ – Струмица којшто воедно е и организатор на фестивалот.

Изложбата содржи 30-тина карикатури селектирани од стручното жири меѓу кои и првонаградените. Во рамките на Фестивалот беа доделени и наградите за најуспешните афоризми но и признанија за Струмичкиот карневал.

Изложбата во Куманово ќе трае во наредните десетина дена.

Текстот Изложба од 26-тиот Меѓународен фестивал на афоризмот и карикатурата „Струмица 2025“ во Куманово е превземен од МАКФАКС.