Изложба на доајенот на македонското современо сликарство Димитар Кондовски во Националната Галерија.
Изложбата ќе биде на 5 Мај во објектот Даут пашин аман, а ќе трае се до крајот на месец јули 2022 година.
Димитар Кондовски е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето. Неговиот исклучителен творечки опус е камен-темелник врз кој се гради и доградува современата македонска ликовна уметност.
Кондовски е роден во Прилеп, во 1927 година, а починал во Скопје, во 1993 година.
Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, во 1952 година, додека пак во 1958 година бил на студиски престој во Париз, Во текот на 1961/62 година специјализирал ѕидно сликарство во Рим, а потоа работел како професор на неколку факултети.
Самостојно има излагање на свои дела во Скопје, Загреб, Рим, Нови Сад, Тетово, Белград, Прибој, Њујорк, Сиетел, Торонто.
Автор е на голем број тетарски и телевизијски сценографии, а има опремено и неколку стотици публикации, со повеќе од две илјади илустрации.
Добитник е на Наградата на Република Македонија 11 Октомври, Наградата 13 Ноември, Наградата за сликарство Prix National, на Меѓународниот фестивал на уметноста во Кан сир Мер, Наградата Климент Охридски, како и на многу други награди и признанија.