Излезноста на граѓаните на локаните избори до 15 часот е нешто над 30 посто. Тоа значи дека над 400 илјади граѓани гласале, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Овој процент се однесува на 65 посто од избирачките места од каде се доставени податоци до ДИК.

Даштевски вели дека излезноста е задоволителна и ги повика граѓаните да го искористат нивното право на глас. Тој соопшти дека став на сите членови на ДИК е избирачките места да останат отворени се додека има интерес за гласање.

Најголема излезност со над 50 посто излезност има во општините Новаци, Хемир Хисар, Вевчани, а нешто под 50 посто излесност има во Карбинци, Крива Паланка, Крушево, Македонски Брод, Кратово, кривогаштани, Демир Капија, Ранковце и неготино.

Општините со мнозиство албанско население имаат најниска излезност. До 20 посто излезност има во Гостивар, Дебар,Желино, Боговиње, Врапчите, Маврови Анови и Студеничани, а под 20 се Липково, Шито Оризари и Центар Жупа.