Ако имате проблеми со спиењето, веројатно сте ги испробале сите трикови.
Меѓутоа, постои една работа која повеќето ја занемаруваат: температурата во вашата спална соба. Неврологот Крис Винтер вели дека одржувањето на спалната соба студена прави голема разлика.
„The Sleep Foundation“ препорачува температурата во спалната соба да биде помеѓу 15 и 20 Целзиусови степени. За споредба, просечната температура во домот обично е помеѓу 21 и 27 Целзиусови степени.
Можеби сте забележале дека, кога ќе се разбудите, стапалата ви се надвор од прекривката. Вашето тело со тоа се обидува природно да ја регулира температурата“, вели д-р Винтер.
Одржувањето на спалната соба студена помага во намалување на телесната температура, што ви овозможува полесно да „потонете“ во сон.
Во текот на РЕМ фазата, телото престанува да го контролира потењето и треперењето. Претерано топлата просторија доведува до пократка РЕМ фаза, што може да доведе до потешкотии во станувањето наутро – објаснил докторот.
Затоа, пред спиењето добро разладете ја вашата спална соба. Постојат и душеци кои разладуваат, како и перници кои ќе ви помогнат полесно да заспиете.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.