Попладнево во престолнината на Латвија, Рига, беше одржана ждрепката за Европското првенство во кошарка, кое од крајот на август до средината на септември ќе се одрижи во Летонија, Полска, Кипар и Финска. Македонија не успеа да обезбеди пласман на шампионатотот во конкуренција на Литванија, кодомаќинот Полска и Естонија.

Состав на групие за Евробаскет 2025:

Група А (Рига): Србија, Летонија, Естонија, Португалија, Турција, Чешка
Група Б (Тампере): Германија, Литванија, Финска, Шведска, Велика Британија, Црна Гора
Група Ц (Лимасол): Шпанија, Грција, Кипар, Босна и Херцеговина, Грузија, Италија
Група Д (Катовице): Франција, Словенија, Полска, Исланд, Белгија, Израел.

Најдобрите четири селекции од секоја група ќе се пласираат во нокаут фазата, односно осминафиналето, а финалето на шампионатот ќе се одржи во Рига во „Шаоми Арена“ со капацитет од 11.200 седишта. Најголемата сала е во Тампере и може да прими 13.455 гледачи.

За потсетување, четирите селекции домаќини добија можност да изберат по еден ривал, па Летонија се одлучи за Естонија, Финска за Литванија, Кипар за Грција, додека Полска го избра Исланд.

ФИБА Европа нправи уште една отстапка, турската репрезентација не можеше да биде во групата Ц со Кипар и Грција.

Европското првенство ќе се игра од 27 август до 14 септември. Титулата ја брани селекцијата на Шпанија.

Текстот Извлечени групите за ЕП, актуелниот првак Шпанија доби тешка група е превземен од МАКФАКС.