реклама
Летната сезона полека привршува, но сепак можете да размислувате за незаборавен одмор во септември.
Британски „The Sun“ пишува дека одењето на одмор во септември е одличен начин да заштедите пари, бидејќи децата се враќаат на училиште и побарувачката се намалува.
реклама
Може да очекувате помала гужва, но и сите придобивки од шпицот на сезоната, од топло време до секакви забави на дестинациите.
Септември е особено добар за посета на места за одмор во Медитеранот, бидејќи температурите достигнуваат максимални 29 степени, но не паѓаат под 24.
реклама
Првата дестинација што ја предлагаат е Хрватска.
Со топло медитеранско време, антички историски знаменитости и многу плажи – Хрватска е одличен избор за одмор со просечна висока температура од 24 Целзиусови степени.
реклама
Најпознатиот град во Хрватска, Дубровник, има неверојатни историски знаменитости и прекрасни плажи, вториот град во Хрватска, Сплит, се наоѓа на популарниот далматински брег, а островот Хвар е најсончевото место во Хрватска – и еден од најживописните градови во земја.
Буџетскиот остров Брач е познат како најдобро чуваната тајна на Хрватска и има плажи кои и се спротивставуваат на Грција.
На второ место препорачаа одмор во Малта, а потоа Грција, Шпанија, Италија, Португалија, Мароко.
реклама