Ако забалежите некоја од овие состојки на декларацијата, држете се подалеку од производот кој ги содржи.
Вештачки засладувачи
Точно е дека овој вид на засладувачи не содржат калории, но нивното негативно дејство значително ја надминува нивната корист во диетата. Тие се поврзуваат со дијабетес тип 2 и зголемениот внес на калории – вештачките засладувачи се околу 700 пати посилни од природните шеќери, па предизвикуваат поголема потреба за слатки.
Шеќер
Ако во било кој облик се јавува како една од првите три состојќи на производот, тој производ треба целосно да го избегнете.
Карамел боја
Иако истражувањата кои укажаа на канцерогеното дејство на карамел бојата биле вршени на животни, најдобро е да ги избегнете производите кои ја содржат.
Карагинан
Станува збор за супстанца за згуснување која може да се најде дури и во млекото и млечните производи и се уште не е докажано дали е безбедна за употреба или не, затоа најдобро е да ја избегнувате.
Транс маст
Вештачките незаситени масти обично им се додаваат на прехрамбените производи со цел да се продолжи рокот на употреба. За жал, тие го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.
Мононатриум глутаминат
Оваа состојка е најзастапениот засилувач на вкусот, но таа предизвикува зависност од храна и дебелина.
Фруктозен сируп
Фруктозниот сируп обично укажува на тоа дека храната е преработена и дека во неа постои изобилство од засладувачи. Лебот, колачите, кечапот и сосовите за салати се тие кои најчество ја содржат оваа состојка.