Иванка Трамп присуствуваше на вечерта во Националниот музеј за градежништво во Вашингтон, одржана ден пред инаугурацијата на нејзиниот татко, Доналд Трамп.

43-годишната Иванка била на вечера со Илон Маск и Џеф Безос. Дејли Мејл пишува дека во еден момент ја прегрнала вереницата на Безос Лорен Санчез. Иванка за оваа пригода носеше долг фустан од Оскар де ла Рента, украсен со бројни кристали и бисери во облик на цвеќе.

На вечерата бил и братот на Иванка, Доналд Трамп помладиот, кој дошол со својата девојка Бетина Андерсон. Присутна беше и неговата поранешна свршеница Кимберли Гилфојл. Вечерата не ја пропушти ниту новоизбраниот потпретседател Џеј Ди Венс, кој беше придружуван од неговата сопруга.

Текстот Иванка Трамп пристигна на вечерата пред инаугурацијата на нејзиниот татко, во фустан украсен со кристали е превземен од МАКФАКС.