Играчот на Реал Сосиедад Мартин Зубименди (25) ги отфрли гласините за преселба во Манчестер сити. Пред три дена англиските медиуми објавија дека Сити ќе ја активира откупната калузла во неговиот договор која изнесува 50 милиони евра. Пеп Гвардиола го означи Зубименди како идеална замена за Родри за кгоо оваа сезона е завршена, поради тешка повреда.
„Секогаш има гласини, но досега секогаш мислев дека е најдобро за мене да останам во Реал Сосиедад. Имам уште многу да му дадам на овој клуб , сè уште сакам да напредувам и да се развивам овде“.
Според добро упатени извори, Зубименди минатото лето ги одбил Баерн, Ливерпул и Арсенал.
Зубименди пд почетокот на кариерата е во баскискиот клуб каде што е клучен играч. Има одиграно 198 натпревари, постигнал девет гола и забележал седум асистенции. За шпанската репрезентација има 12 настапи.
„Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 50 милиони евра. Тој минатото лето го освои Европското првенство со Шпанија.
Текстот Зубименди го одбил Манчестер сити е превземен од МАКФАКС.