Соединетите Американски Држави и Велика Британија имаат „посебен однос“ многу децении, како што одамна ги карактеризираше Винстон Черчил, но ниту еден американски претседател нема присуствувано на крунисување на британски монарх, пишува Би-Би-Си и посочува дека меѓу мноштво светски претставници, на крунисувањето на кралот Чарлс нема да присуствуваат американскиот претседател Џо Бајден.
Белата куќа потврди за британскиот јавен сервис дека претседателот добил покана, но наместо него, на церемонијата ќе присуствува првата дама, Џил Бајден.
Администрацијата во Вашингтон не ја наведе причината за отсуството на Бајден, но ја пренесе желбата на американскиот претседател во иднина да се сретне со британскиот крал.
Уредникот на Mirror, Расел Мајерс, оценува дека претседателот нема да присуствува на церемонијата на крунисувањето бидејќи бил горд на своите ирско-американски корени.
Сепак, историчарите наведуваат дека причините се помалку политички, туку се работи за континуитет на повеќевековна традиција.
„Тој нема да оди на крунисување затоа што ниту еден американски претседател никогаш не бил на крунисување, па зошто да почнеме во 21 век“, изјавила Лора Бирс, професорка по историја на Американскиот универзитет.