Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот Хиндукуш во Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот бил на длабочина од 75 километри, соопшти ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот бил на 164 километри источно од Баглан, град со население од околу 108.000 жители.

Засега нема информации за штети или жртви.

Текстот Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди Авганистан е превземен од МАКФАКС.