Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Дубровник и околината околу 11:30 часот, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Засега не се знае колкава е штетата, но граѓаните се јавија и ги споделија своите искуства на веб-страницата на ЕМСЦ.
#Earthquake (#zemljotres, #potres) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M2.4 || 14 km SW of #Trebinje (Bosnia & Herzegovina) || 18 min ago (local time 11:33:14). Follow the thread for the updates
pic.twitter.com/KvpFLoU6T2 — EMSC (@LastQuake) November 4, 2024
„Ужасен звук“, кратко прокоментира граѓанин кој го почуствувал земјотресот.
„Кратко како бомба да експлодирала во близина“, се вели на веб-страницата ЕМСЦ.
Текстот Земјотрес го погоди Дубровник: „Како бомба да пукна во близина“ е превземен од МАКФАКС.